| четврток, 6 декември 2018 |

Ракитиќ испраќаа тажна порака со оваа фотографија

По поразот од ГФранција во финалето на СП Иван Ракитиќ е тажен, но и горд.

-Тажни сме, Бевме блиску до златото. Дождот што врнеше е како небото да плаче. Целиот свет денеска навиваше за Хрватска. Денеска имаше 100 милиони Хрвати. Сите се вљубија во нас. На тоа треба да бидеме горди. Ѝ честитаме на Франција за златото и едвај чекаме да си дојдеме дома, во Загреб.

-Бевме подобри. Се до третиот гол бевме многу подобра екипа. Ни дадоа четири гола од три шута. Штета, ама тоа е фудбал.

По натпреварот Ракитиќ не плачеше. Пред почетокот на СП Ракитиќ најави дека ќе се повлече од репрезентацијата по СП во Русија. Фотографијата што ја објави на Инстаграм по натпреварот отвора сомнеж дека навистина овој натпревар е последен за Ракитиќ во репрезентативниот дрес.

„За Лука, мојот брат. Ми беше најголема чест да го делам сево ова време со тебе. Те сака Ракета“, пишува Ракитиќ на посветата на дресот што му го подарил на Модриќ.

Посветата на Модриќ, која го содржи истиот текст, е во сегашно време, а таа на Ракета во минато, забележуваат хрватските медиуми.

Од 2007 до денес Ракитиќ одиграл 88 напревари за Хрватска и постигнал 13 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top