Хрватска си запиша нова фудбалска историја. Генерацијата на Лука Модриќ со Златко Далиќ на клупата успеа да ја надмине бронзената генерација од 1998 и сега освои сребро, по поразот со 2-4 од Франција во денешното мундијалско финале во Москва.
По поразот, цела Хрватска е во солзи, но истовремено и горди за турнирот од соништата што го одиграа „косцкестите“ и со самиот пласман во финалето. Селекторот Златко Далиќ по мечот изјави дека нормално е сите да бидат тажни, но истовремено мора да бидат и горди за тоа како одиграа за еден месец во Русија.
„Тажни сме, ама мора да бидеме горди на тоа како игравме, колку бевме достоинствени. Ова е фудбал. Лука Модриќ ја заслужи наградата за најдобар играч на СП, голем успех е тоа, голем успех е и среброто. Кога се ќе помине, кога ќе ги оладиме главите, ќе сфатиме дека нема причини за тага, туку само за – среќа. Луѓето ќе сфатат дека овие момци играа чесно и дадоа се од себе. Јас им честитам на играчите, сите заслуги одат кон нив и ќе биде тешко кога ќе се разделиме. Тие покажаа многу – карактер, чесност… Жал ми е што не се светски прваци, а заслужија такво нешто. Ние пред СП со две раце ќе прифатевме сребро, а сега така е како што е. Мора да бидеме среќни. Освоивме три трофеи. Тој на Лука, среброто и – навивачите!. Овие денови беше гордост да си Хрват. Сега не смееме да застанеме, култот мора да го туркаме напред. Аплаузот од цел стадион, извиците – тоа е успехот“, рече Далиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст