| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски до власта: Фер услови за да ве декласираме на предвремени избори

„Македонија се сака со дела, и ајде да се мериме по работа, а не по омразата продуцирана од власта. Нашата визија за Македонија е земја на интегрирано општество, со силна пазарна економија. Потребен е рапиден развој сега и веднаш, не утре, не задутре или по некоја година. Македонија нема време за чекање, ни треба економија која ќе создава додадени вредности и која ќе вработува и овозможува иднина, за нашите сограѓани, да направиме услови да се вратат сите кои ги напуштија нивните домови во нашата татковина, да се вратат веднаш и да бидат свои на своето- тоа е нашата визија“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека бараат само фер услови на следните предвремени парламентарни избори.

-Кога од власта ќе речат се договарате за ДИК за да сме осигурале некаква амнестија, треба да се знае дека на таквите лаги им нема крај. Не бе луѓе, не бараме ништо, бараме само фер услови да можеме да ве декласираме на следните предвремени парламентарни избори. Тоа бараме. Тоа ли е толку многу и страшно? Толку ли не сакате да се пуштите од власта? Јас ве разбирам таа власт ви е неопходна да ги обелите вашите криминални досиеја, да можете да заработите уште неколку десетици милиони евра, но на тоа ќе му дојде крајот, за тоа ќе одговарате, подвлече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top