
На новинарско прашање – што е со одливот на младите луѓе од Македонија, вицепремиерот Кочо Анѓушев, синоќа во Велес изрази надеж дека младите луѓе ќе го осознаат тоа дека и во Македонија може да се направи добар живот, но и дека „мобилноста е нешто што никој не може да го спречи“:
– Еве, јас сум еден добар пример. Потекнувам од работничко семејство од оваа држава, па еве сум успеал и повторно да се вратам во родниот град. Мислам дека многу млади луѓе ќе ги препознаат можностите коишто сега ќе им ги понудиме. Еден дел од нив можеби ќе одлучат дека животот надвор од државата е подобар, ние не можеме да ги спречиме со сила, тука така што ќе им обезбедиме подобри услови за живот, рече Анѓушев.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања упати порака „граѓаните да го поддржат референдумот, кој мора да успее зошто Македонија нема друга опција за просперитет и светла иднина“, пренесе МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


