| четврток, 6 декември 2018 |

Завршила во притвор за гледање на кафе

63-годишна скопјанка, вчера пријавила дека дента околу пладне, додека била на гости во тетовско Галате, во куќата дошло непознато женско лице и им понудило да им гата на кафе.

Таа без многу убедување прифатила и ѝ дала пар златни обетки и 600 денари. Откако завршила со гатањето, непознатата 23- годишна гатачка заминала кон Врапчиште тврдејќи дека за половина час ќе се врати назад.

Бидејќи, не се вратила, скопјанката случајот го пријавила во Полициското одделение Галате. Набрзо, тетовската гатачка била идентификувана и приведена и по целосното расчистување на сите поединости поврзани со случајот, ќе се соочи со соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top