| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на првиот одмор со близначките: Јована со часови останала без мажот и децата!

Како би се одмориле од многуте работни обврски, Јована и Жељко Јокимовиќ се упатиле во Грција на одмор, во едно луксузно одмаралиште. Ова е прв испланиран пат со близначките Ана и Сара. Тие решиле одморот да го поминат во Грција, во нивниот стан во луксузниот дел на Атина, но не можеле ниту да сонуваат што ќе им се случи.

-Тие патувале со авион и многу им било страв како тоа нивните наследнички ќе го поднесат. Се качиле на авион опремени со цуцли, играчки и се што е потребно за летот побрзо да помине, но децата скоро целиот пат спиеле. Само што помислиеле дека се поминало како што треба, кога ја минале контролата и чекале да си го земат багажот, стигнале лошите вести. На Јована и објасниле дека сите нивни куфери се изгубени, вклучувајќи ги и оние во кои биле работите на децата. Водителката се изнервирала, бидејќи сватила дека не може да продолжи додека ситуацијата не се реши. Биле во дилема што да направат и дали да продложат без багажот. Јована се договорила со Жељко тој да оди во станот со децата, а таа да ги почека куферите и да оди со такси. Таа останала со часови додека стигнал багажот, по што се придружила на сопругот и децата- изјавил извор близок на парот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top