Романтичниот спот што го објави Ципрас, во кој е вклучен и последниот телефонски разговор со Зоран Заев, „Зоран, го знаеш регионот на Преспа?“, е кампањски спот, кој го одвлекува внимането од суштината. Она што е важно е пораката што е испратена од официјалната стрица на Владата на Грција.
Текстот го пренесуваме во целост.
Преспанскиот договор е голема дипломатска победа и голема историска можност
Грчката влада во целост ги бранеше сите свои црвени линии, сите црвени линии на нашата национална позиција, како што беше во последните 20 години.
Со Преспанскиот договор кој предвидува преименување на БЈРМ во Република Северна Македонија конечно се става крај на иредентизмот со користење на досегашното уставно име.Ципрас објави спот со последниот разговор со Заев пред потпишувањето на Преспанскиот договор (ВИДЕО)
140-те земји кои денес го признаваат нашиот сосед како Македонија сега ќе ги признаат како Република Северна Македонија, бидејќи ова име ќе биде erga omnes за сите, и надвор и внатре.
За првпат се предвидува дека нашите северни соседи немаат, но и во иднина не можат да тврдат дека имаат било поврзаност со античката грчка култура на Македонија.
Договорот исто така предвидува дека во графата за државјанството на патните документи на нашите соседи ќе стои, не како досега: Македонско, туку: Македонско / граѓанин на Северна Македонија. Грција ќе го признае државјанството на соседните граѓани како „граѓани на северна Македонија”.
Ципрас: Многу добро знаат дека со договорот нема признавање на нацијата (ФОТО)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст