| четврток, 6 декември 2018 |

Нормализиран сообраќајот за товарни возила на Богородица

Сообраќајот за товарни возила на граничниот премин Богородица е нормализиран, но има зголемена фреквенција.

На овој граничен премин сообраќајот беше во прекин поради пад на системот за работа на царината.

Од Авто мото сојузот на Македонија утринава информираат дека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, а надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е зголемен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top