Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ на прес-конференција зборува за противникот во финалето, за својата исхрана, за Новак Ѓоковиќ и за врската со селекторот на српската репрезентација Младен Крстаиќ.
-Максимално ги почитуваме, најважно е да одиграме најдобро до сега. Ќе бидат подготвени како и ние, идеме на борба, имаме огромна желба. Ќе дадеме се од себе, сакаме да се наметнеме. Се надевам дека нема мирно да спијат, дека ќе мислат на нас, вели Ракитиќ, кој вели дека со чиста совест ќе се пензионира ако тоа значи дека ќе го освојат Светското првенство.
-Се за заеднички успех и за мојата Хрватска. Никој од нас не е битен, вели играчот на Барселона.
Во меѓувреме се слушнал со селекторот на Србија.
-Се слушнавме, најмногу со него од сите кои не се дел од хрватската репрезентација. Тој ми е еден од најблиските пријатели. Повеќе од брат ми е. Го следам, го сакам како член на семејството. Му посакувам многу среќа и овој прв чекор што го направија да биде поттик за понатамошен успех.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во текот на целото првенство ги бодри фудбалерите на Хрватска.
-На Ноле, пред се, му се поклонувам до земја. На Вимблдон навивам за него. Би сакал да дојде до финалето и да го освои во недела. За мене Ноле е фантастичен и голем спортист, а уште поголем како човек. Имавме убава средба во Мајами, прекрасен човек, му ја посакувам сета среќа. Ако победи на Вимблдон, ќе славиме заедно, вели Ракета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст