| четврток, 6 декември 2018 |

Скопска Дрисла ќе произведува гас и горива од отпад

Дрисла ќе произведува гас од отпад. За три години скопскиот отпад треба да работи по стандардите на италијанската депонија Белведере. Во Дрисла ќе се носи отпадот, ќе се селектира, ќе се депонира и потоа ќе се произведува гас и алтернативни горива

коце италија 2Италијанската компанија FCL Ambientie која е концесионер на скопскиот отпад слените 35 години, треба да ја санира Дрисла, да направи отплинување на депонијата и да направи нови секции или ќелии во кои ќе биде депониран отпадот од кој понатаму ќе се произведува енергија. Ќе се изгради постројка за третирање градежен шут и компостара.
– Она што Град Скопје ќе го добие е 20 отсто од профитот во претпријатието Дрисла. Според студијата направена од страна на Светска банка и понудата на FCL Ambientie, се предвидува да има профит од околу 5 милиони евра годишно или околу 1 милион евра за Град Скопје. Втората погодност што е многу значајна е тоа што ќе го третираме отпадот од неговото собирање се до депонирањето, на еден современ и европски начин, изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски при посетата на Белведере.

коце италијаДоменико Ферацоли претседател на FCL Ambientie рече дека нивната цел е да се извезе еден нов модел на управување со отпад.
– Дрисла ќе биде претворена во еден еколошки парк. Скоро една третина од отпадот во Скопје ќе биде трансформиран во енергија што е доволно за да се употреби за работа на една цела фабрика, рече Ферацоли и додаде оти Дрисла ќе стане репер за цел Балкан.
коце италија 3Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова објасни дека за изградба на нови постројки на депонијата Дрисла, МЖСПП направило кучни документи, Стратегијата за управување со отпад 2009-2015 и Плановите за управување со отпад, како на државно така и на регионално ниво и Студијата за медицински отпад која, како што рече, придонесе да може да се реализира првиот клучен проект, постројката за медицински отпад кој исто така на регинално ниво ќе биде лоцирана на депонијата Дрисла.

коце италија 4– Дрисла ќе биде првата депонија која ќе врши интегрирано управување со отпад на територија на Балканот, каде сите сегменти ќе бидат на едно исто место што ќе заштедува ресурси, време и средства. Останатите депонии ќе ги реализираеме со концесионирање и со ИПА средства. Се прават плановите за североисточниот и источниот регион и таму дефинитвно ќе се знае која депониија ќе почне да се гради со средства од ЕУ, рече Лепиткова.
Вкупната инвестиција за тарансформирање на ЈП „Дрисла“ ќе изнесува околу 80 милиони евра, а вложувањето на средствата е планирано да се изврши во период од три до четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top