| четврток, 6 декември 2018 |

Инвестицијата „Теламон“ е сработена од владата на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ нема нови инвестиции

Владата на СДСМ продолжува да се фали со проектите и инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ. Инвестицијата на компанијата „Теламон“ е резултат на работата на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ангажманот на министерот Џери Наумоф, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека првиот контакт е напоравен во 2015-та година и од тогаш целокупното планирање и изготвување на план беше со силен ангажман и поддршка на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

– На владата на Заев и требаше цела година да склучат договор на она што речиси беше завршено во целост. Инвестициите на компанијата „Теламон“ и американската компанија „Дога“ чиј камен темелник ќе се случи наредната недела се дел од пакетот на 60 странски компании со кои беше во напредни преговори владата на ВМРО-ДПМНЕ, и е вистинска штета што од 60 компании до сега владата на СДСМ реализираше само 2 инвестиции. Им се заблагодаруваме што со ваквите свои чекори ја покажуваат огромната разлика помеѓу имањето на сериозни инвестиции и сега кога нема нови и сеуште се влече владата на оние сработени од претходната на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека со отпуштање на економските промотори, покачувањето на даноците и барањето на мито на странски инвеститори и констатираната корупција на највисоко ниво не може да се очекува напредок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top