| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалник – опасен меѓународен шверцер

 Михајло Маневски

 Градоначалникот на СДСМ на општина Ново Село БОРО СТОЈЧЕВ, превејан шверцер од голем калибар, создал криминална банда за меѓународен шверц на цигари од големи размери. Во криминалната банда што ја создал градоначалникот била неговата сопруга и неговиот син и уште две други лица од селата Ново Коњарево и Самоилово. Секој член на бандата имал своја определена задача. Еден член – 52 годишен маж од с. Самуилово, возел мотор „Hamachi без регистарски таблички  во својство на извидник и известувач на  бандата со цел за навремено предупредување од евентуални опасности. Бандата била снабдена со средства за меѓусебна комунукација и известување (телефони) и средство за визуелно надгледување (двоглед). Бандата располагала со сопствени возила со кои го вршела пренесувањето на акцизната стока – цигари во штеки. Возилата имале своја маршрута и се движеле по спореден земјен пат спрема див премин со Република Бугарија.

Бандата на градоначалникот Боро Стојчев на 10.07.2018 година околу 19 часот  била фатена во близина на див премин на границата меѓу Македонија и Бугарија во близина на селото Баделен. По патот се движеле две возила. Едното возило го вовел обвинетиот Боро Стојчев, заедно со неговата сопруга, а второто возило го возел неговиот син, со уште едно лице од Ново Коњарево. Од полицијата било побарано да застанат возилата, но возилото што го возел неговиот син не сакало да застане, поради што полицијата два пати пукала како предупредување.

При орегледот на двете возила било утврдено дека се натоварени со картонски кутии полни со околу 3.300 штеки цигари CALIPSO во вредност од над 3.245.589 денари или окулу 54.000 илјади евра.

 

                       Симболичен притвор и дрска манипулација со јавноста

Притворот од 8 (ОСУМ) дена што му е определен на градоначалникот Боро Стојчев од судијата на предходната постапка на Основниот суд од Струмица е симболичен  и ова одлука на судот преставува  дрска  провокација и манипулација со јавноста. Се  прави обид за спасување на овој меѓународен шверцер и минимизирање на случајот. Какви околности ценел судијата на предходната постапка, кога за еден тежок организиран криминал, сторен од градоначалник на една погранична општина кој создал криминална банда за меѓународен шверц на акцизна стока – тутунски добра во големи колицини му определува само 8 дена притвор? На народот треба да му се замачкаат очите? Ова не значи ништо друго туку спасување на еден тежок криминал на меѓународен шверцер – градоначалник на владејачката СДСМ во Ново село.

Дали зад притворот од 8 дена стојат политички, а не правни причини ? Зошто таква квалифијкација на делото, кога во членот 60 од Законот за акцизите е предвидено посебно кривично дело? Зошто случајот не го презема Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, бидејки се работи за сторено кривично дело од меѓународни размери, сторено од организирана криминална банда? Од каде потекнуваат цигарите, од каде се набавени и за каде се наменети? Кои се “парннерите” на Боро Стојчев од другата страна на границата во Бугарија? Тие нужно постојат и што се прави да се одкријат? Очигледно ништо.

Градоначалникот Боро Стојчев, меѓународен шверцер, се стекнал огромно богатство, кое се состои од огромна куќа-хациенда на три ката со базен, моротни возила, повеќе фирми и големи недвижности. Какви мерки се презедоа за забрана на отуѓување на имотот, заради негова конфискација? Какви мерки се презедода за утврдување на потеклото на парите за стекнување на толкаво богатсво и зошто не се спроведува финансиска истрага? Граѓани од Ново Село отворено говорат дека ова требало да се стори многу порано, алудирајки на сознанија за шверц подолго време.

Ќе седне ли овој меѓународен шверцер повторно на градоначалничкото место на општината Ново Село само после уште три дена, кога му истекува притворот од 8 дена? Зошто ништо не презема и воопште не се огласи надлежното Министерство за локална самоуправа? Зошто се прават обиди за минимизирање на случајот на овој меѓународен  шверцер? Ќе го спасува СДСМ овој шверцер, кој што го постави во градоначалничката фотеља?

Тоа е стилот на владење на СДСМ во државата која тотално ја криминализира.  Само едно да не се заборави, на вакви криминалци народот не  им верува и не ги заборава, а не ги заборава ниту тие кои се ставени во служба да го штитат, наместо да го гонат криминалот.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top