| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите советуваат која храна да не се јаде во лето

Летната храна е разновидна и вкусна, но постојат намирници и начини на нивна подготовка кои треба да ги избегнувате во лето.

Сладолед – сендвич

Има ли нешто повкусно од садолед од ванила помеѓу двe крцкави бисквити со чоколадо? Можеби нема, ама сигурно има нешто што е приближно вкусно, а помалку калорично. Ваквиот десерт содржи 500 калории.

Крофни и мекици

Крофните и мекиците често се продаваат на летни манифестации и на плажа, но дали знаевте дека се на листата на 50-те намирници кои највеќе дебелеат? Комбинацијата од брашно и шеќер пржена во многу масло би требало да си ја дозволите најмногу двапати годишно. Иако е вкусна, го подигнува нивото на лошиот холестерол, а го смалува нивото на добриот, што би довело до дебелеење.

Сендвич од туна

Иако ова ви се чини како поздрава алтернатива од хамбургерот, дозволете да ве поправиме. Туна во комбинација со мајонез, сместена во бела кифла, премачкана со високомастен путер има околу 400 калории, од кои повеќе од половина се масти.

Пржени морски плодови

Цел оброк од пржени морски плодови значи 500 калории и 26 грама масти за вашето тело. Морските плодови се полни протеини и едни од најдобрите природни извори на витаминот B12, па затоа препорачуваме да ги јадете само кога се здраво подготвени.

Коктели

Коктелите се лесен и освежителен летен пијалак, но со висококалорична вредност. Пример, алкохолен коктел со сок од јагоди е полн со шеќери и има повеќе калории од еден хамбургер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top