Светските медиуми за време на Мундијалот неретко јавуваат за животни од целиот свет кои предвидуваат победници на светски и европски првенства во фудбал. Најпознат прогнозер беше октоподот Пол, а неодамна сибирскиот тигар од Зоолошката во Краснојарск предвиде победник во полуфиналето на Светското фудбалско првенство.
Во Зоолошка градина Скопје, како највесели прогнозери се покажаа лемурите. Кај овој вид на примати владее матријархат, односно главни се женките, па затоа и не е чудно што за светски шампион во фудбал, типуваше женка лемур.
Прогнозерката предвиде дека победник на Светското фудбалско првенство ќе биде Хрватска. Дали нејзините прогнози ќе се остварат, останува да видиме во недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст