| четврток, 6 декември 2018 |

Странските медиуми пишуваат за најлошото можно сценарио може да ја снајде Хрватска на СП

Дел од странските медиуми објавија дека хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Перишиќ на мечот со Англија сериозно се повредил и нема да биде во составот на „коцкестите“ во неделното финале на Светското првенство (СП) кое завршува во Русија.

Приказната отиде толку далеку што дури и поранешниот доктор на руската репрезентација Јуриј Василков смета дека Перишиќ нема да биде подготвен за финалето. По оваа верзија, се работи за повреда на бутниот мускул поради што на Перишиќ, стрелецот на првиот погодок за Хрватите во полуфиналето, еден ден после мечот со Англија му била укажана медицинска помош во московската болница.

– Се работи за најдолабокиот мускул во телото кој има клучна улога во моториката и мислам дека таква повреда не може да се санира за само три дена. Дури и ако хрватските лекари користат блокади, мислам дека Перишиќ не може да игра во финалето – изјави Василков за руски портал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top