Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека партијата ќе направи предлог-закон за амнестија на настаните од 27 април, потенцира оти е лага дека партијата го условува формирањето на Државната изборна комисија со оваа амнестија.
-Ја користам оваа прилика да отстранам една небулоза која што е дел од овој спектар на измислици, критики, напади, инсинуации кои што се случуваат врз Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период. А тоа е дека овој настан и овој закон за амнестија, кој што се однесува на сите оние луѓе кои што се опфатени со случувањата од 27 април, е услов за формирање на ДИК. Не е така, тоа е само инсинуација, конструкција од оние луѓе кои што себеси си се нарекуваат новинарски пера, да можат непринципиелно да ме нападнат мене и да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски, потенцирајќи дека тоа е така зашто партијата пркоси на, како што рече, капитулантското дело кое го направи двоецот Заев-Димитров, поддржани од советниците во владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст