| четврток, 6 декември 2018 |

Никогаш помасовно исселување на младите од Македонија

Во моментот младите се иселуваат се помасовно од Македонија, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „Јади бурек“. Како причина за овој поразителен факт ја наведе лошата економска состојба, која владата на СДСМ ја спроведува од самиот почеток на нивното управување со државата.

-Ако дискутираме за иселувањето, сега никогаш не било по интензивно тоа иселување. Сега можам да ви кажам дека имаме и статистички и фактографски најмасовно иселување на младите и тоа го докажуваат сите оние автобуси кои секој ден тргнуваат од Република Македонија кон другите земји, кон побогатите земји во Европа. Проблемот со лошата социо -економска ситуација не е договорот и не е НАТО или нешто друго туку криминалната транзиција која се случуваше во Македонија, континуираното осиромашување на овој народ, немањето реална државничка политика, вели Мицкоски.

Според него, Македонија можела да издејствува многу подобар договор од овој кој што го направил Зоран Заев, се со цел да се зачува достоинството на граѓаните и на државата, а да се дојде до крајната цел.

Мицкоски смета дека политичар не е професија, туку дека со политиката треба да се занимаваат луѓе кои што направиле нешто, луѓе кои што имаат цел и луѓе кои што знаат како да ја постигнат таа цел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top