| четврток, 6 декември 2018 |

Од давање тендер на тате и бате – Македонија со пад од 27 места на скалата за иновативност

За да се води државата мора да се биде иновативен и да се има визија, проекти, а во 2018 година Македонија бележи катастрофален пад од 27 места на скалата за иновативност, на светската организација за мерење на иновативност во светот.

Ова во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“ на телевизија Сонце вечерва го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој додаде дека Зоран Заев не знае како да ја води државата и единствено нешто што прави е предавство на се што е македонско и се моли од небо да му падне решението на сите проблеми.

-Вие треба да имате визија, треба да имате проекти, вие треба да сте иновативен. Еве денеска читам дека во 2018 година за 27 места сме паднале на скалата на светската организација за мерење иновативност на државите, и последни сме во регионот. Албанија е пред нас на 83 место  ние сме 84 место, 27 места сме паднале за една година. Вие ако не сте инвентивни и иновативни вие не можете да водите и да се занимавате со политика. Вие не можете со гранапче да се занимавате – вели Мицкоски.

Според Мицкоски, владата на Заев функционира со многу корупција и непотизам тендери поделени на роднини и пријатели, кои го подобруваат животот на мала група луѓе од власта, а на сите останати во Македонија животот се претвора во пекол.

-Дај го тендерот на тате, бате, другарот од маало и дека на тој начин вие ќе имате поубав живот, а на сите останати животот ќе им станува пекол, не се води, тоа е на краток рок и ќе молите бога ајде сега еве готово јас од утре ќе распродадам се околу мене, кажа Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top