| четврток, 6 декември 2018 |

Не може по секоја цена – Мицкоски со едноставен пример ги спореди делата на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, во интервјуто на емисијата „Јади Бурек“ на телевизија Сонце, на прашањето на водителот, дали премиерот Зоран Заев е решен по секоја цена да ја внесе државата во НАТО, со изговор дека нема друга опција, одговори со пример. Тој рече дека некои работи во животот немаат цена.

Мицкоски актуелната состојба во државата ја објасни со хипотетичка ситуација.

-Вака да го поедноставам и да бидам малку по вулгарен ако ми дозволите, тоа е исто како сега да дојде мој многу близок пријател и мене да ме праша „Види Христијан еден совет барам од тебе, моја многу блиска пријателка ми вели за да дојдам до онаа цел имам две опции, едната опција е да одам по овој пат и да го сочувам своето достоинство, но е потежок и треба може повеќе време или да одам по овој краткиот пат да го изгубам сопственото достоинство и да дојдам до целта“, вели Мицкоски.

Потенцира дека неговиот одговор ќе биде да го предложи првиот, потежок пат, кој според него е постабилен и пат кој што ќе го сочува достоинството.

– Јас би го советувал својот пријател, да ја советува неговата пријателка по првиот пат, по подолгиот, постабилниот и патот кој што ќе го сочува достоинството на пријателката. Според Мицкоски изборот доволно говори и за карактерот на личноста, заклучи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top