| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете за што пеете? Бојкотирајте оти ќе ве бојкотираме!

Сѐ поголем е гневот на граѓаните откако беа објавени имињата на пејачите и изведувачите на забавите низ поголемите градови низ земјата организирани од владата. Преку социјалните мрежи отворено се покажува разочарувањето кон некогаш омилените музичари и идоли.

„Знаете за што пеете?  Ни за НАТО ни за ЕУ, туку во владина кампања за поддршка на Референдум за промена на име. Бојкотирајте оти ќе ве *БОЈКОТИРАМЕ“ – порачуваат граѓаните.

Посебно силен е револтот кон диџеј Гоце САФ, чии следбеници му замеруваат дека пее на провладин настан, нешто за што овој уметник постојано критикувал.

За колку пари, бе бато, убивте многу идеали: Публиката не сака да го види САФ на владината журка за продажба на името (ФОТО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top