| четврток, 6 декември 2018 |

Пукал и ранил возач затоа што го изнервирал во сообраќајот

pistol

Непознат пиштолџија, со „краток фитиљ“ почнал налудничаво да пука кон возач затоа што претходно го изнервирал во сообраќајот. Возачот бил ранет во нога, а пиштолџијата сѐ уште не е откриен.

МВР јави дека вчера, околу 15,30 часот во Градаката болница во Скопје, бил донесен А.И.(23) од Скопје со прострелна рана во пределот на ногата. По преземени мерки е констатирано дека истиот ден околу 14 часот, на улица „Џон Кенеди“ во Чаир, додека А.И. се возел во автомобил „пунто“, управувано од Р.Л. (20), поради недоразбирање во сообраќајот, патот им бил попречен од автомобил „шкода“ од кое излегло непознато лице, а откако Р.Л. не го запрел возилото и продолжил да се движи, непознатото лице од огнено оружје пукал кон возилото, повредувајќи го А.И.

Извршен е увид на местото на настанот, пронајдени се и подигнати осум чаури, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top