| четврток, 6 декември 2018 |

Верзијата на Град Скопје за асфалтираните дрвја

Градот Скопје преку соопштение и фотографии ги демантира објавите на медиумите и социјалните мрежи за лошото изведување на велосипедска патека при што едно од дрвата заврши под асфалт.

Ве информираме дека објавените фотографии се направени во текот на изведбата на патеката и не го претставуваат финалниот изглед на теренот, се вели во реакцијата од град Скопје.

Тие потенцираат дека при изградбата на новата вело патека, ниту едно дрво не е исечено или оштетено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top