| четврток, 6 декември 2018 |

Барак Обама советува: Tрите прашања кои треба да си ги поставите пред да стапите во брак

По речиси 26 години брак, поранешниот претседател на САД, Барак Обама станал вистински советник за љубовни односи на луѓето околу него. Од неговата книга „Да, ние (сè уште) можеме“, поранешниот советник на претседателот Ден Фајфер ги споделил највредните зборови за мудроста на љубовта кои ги добил од поранешниот претседател.

Имено, тој му рекол да си постави три прашања, кои се клучни за успешен брак. Најди некој интересен и смешен, кој ќе биде добар родител (доколку сакате да бидете родители). Иако се едноставни, овие совети продираат точно до поентата и основата на секоја врска. Ова се прашањата кои му ги поставил Обама на неговиот поранешен советник.

„Дали ти е интересно со неа?“ – Бев збунет со ова прашање, но бев сигурен дека има поента. „Ќе поминеш повеќе време со неа отколку со која било друга личност во животот и нема ништо поважно од тоа секогаш да сакаш да слушнеш што има да ти каже“, продолжил Обама.

„Дали измамува насмевка кај тебе? И не знам дали сакате деца, но ако сакате, дали мислиш дека би била добра мајка? Животот е долг, постојат работи кои навистина се важни на долги стази.“ – Одговорот веднаш ми беше јасен, мојата девојка е неверојатна, забавна и посмешна од мене и ќе биде прекрасна мајка, му одговорив.

„Звучи дека таа е вистинската. Ти си вистински среќник“, ми дофрли Обама на излегување.

Една година подоцна, јас и мојата девојка се веривме, а оттогаш ова е советот што им го давам на сите, а заслугата за него е на Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top