Премиерот Заев најави дека поканата за членство на Македонија во НАТО ќе се слави во 15 градови низ Македонија. Овие прослави премиерот неофицијално ги најави за во сабота.
По пристигнување на Самитот во НАТО со македонската делегација, Заев пред новинарите рече дека ова е историски ден за Македонија. Тој додаде дека македонските граѓани се најголемите поддржувачи на членството во НАТО и Европската унија.
Генералниот секретар на НАТО, пак, Јенс Столтенберг кажа дека ако Поранешната Југословенска Република Македонија не го смени името, нема да биде примена во НАТО, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Брисел.
– Тоа е одлука на граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија. Граѓаните имаат една шанса, треба да се искористи, кажа Столтенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст