Трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус ги израдува навивачите на „Старата Дама”, но ги крена на штрајк работниците на ФИАТ, кои не се задоволни од сумата на трансферот – 105 милиони евра.
ЦР7 во Торино ќе заработува четири пати повеќе од сегашниот најплатен играч, или поточно 30 милиони евра. Причината за штрајкот е јасна, иако проблемот е многу подлабок од самиот трансфер. Сепак, Роналдо е одличен повод да се кренат работниците кои десет години не добиле покачување на платата.
Со цел да биде олеснет товорот на Јувентус за платата на Португалецот, се разгледува можноста ФИАТ или Ферари да помогне со спонзорски договор. И додека ваквите вести ги израдуваа навивачите на „Старата дама“, вработените во ФИАТ се бесни.
„Неприфатливо е работниците на ФИАТ економски да се жртвуваат, а компанијата да троши стотици милиони евра за набавка на фудбалер. И додека работниците и нивните семејства ги стегаат ремените, компанијата троши стотици милиони на еден единствен човек. Дали е фер тоа? Дали е нормално еден човек да заработува милиони, а илјадници семества а не можат да преживеат до средината на месецот?“, строи во соопштението на Синдикатот со кое го најавува штрајкот, а го пренесува Football Italia.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


