| четврток, 6 декември 2018 |

„Голф“ и два мотоцикли се судриле вчера кај Пробиштип, четири лица повредени, две од нив пренесени на скопските клиники

Во текот на вчерашниот ден, околу 20 часот, на регионалниот пат с. Крупиште – Пробиштип, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистерски таблици, управувано од Б.М. (42), мотоцикл „Сузуки“ управуван од Ф.Р. (28) и мотоцикл исто така марка “Јамаха“ управуван од Р.Т. (42) сите од Штип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.Р., Р.Т. и сопатникот од едниот моторцикл Г.М. (24), а со телесни повреди се здобила возачот на “голфот“ – Б.М.

Повредените со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите Ф.Р. и Г.М. биле пренесени и задржани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top