Меган Маркл го донесе холивудскиот гламур во Лондон. Таа вчера имаше три важни настани на кои требаше да се појави, па така три бои, три фризури и три фустани го одбележаа модениот ден на војвотската од Сасекс.
Меган го започна утрото на стогодишнината на Кралската воздухопловна федерација, каде што стоеше како дел од Кралската позната четворка и веднаш до кралицата Елизабета во дво-тонски син костум. Нејзиниот изглед на Одри Хепберн вклучуваше црн фустан на Диор со крој на бродче и шапка на Stephen Jones.
Само неколку часа подоцна, рано вечерта, таа стигна во Даблин со принцот Хари облечена во темно зелен фустан на Живанши со беж потпетици, мала патничка торба на Strathberry и совршена пунџа на страна.Таа вака облечена го посети премиерот на Ирска и ја потпиша книгата за гости со својот нов сопруг.
И, конечно, кога Меган пристигна на градинарска забава што ја водеше британската амбасадорка во Ирска, таа воодушеви со црн коктел фустан на Емилија Викстед со извиткана коса околу нејзините раменици за стар ефект на холивудски гламур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст