| четврток, 6 декември 2018 |

Грција протера руски дипломати поради мешање во договорот за името

Грчките власти соопштија дека двајца руски дипломати добиле статус persona non grata, како и дека уште на двајца им се забранет влез во земјата поради обид да влијаат на одлуките на власта по прашањето за новото име на Македонија, информира англиското издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Повикувајќи се на неименувани функционери од грчката Влада, весникот наведува дека Атина оваа одлука ја донела врз основа на тврдењата дека руските дипломати вршеле незаконски дејности во мешање на внатрешните работи на Грција.

Атина ги обвинува руските дипломати дека се обидувале да извлечат информации и да поткупат државни службеници.

Протерувањето на руските дипломати се случучува непосредно пред почетокот на самитот на НАТО во Брисел.

По оваа информација со реакција се јави руското МНР, ќе бидат преземени соодветни мерки откако Грција ќе протера двајца руски дипломати.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека ќе преземе соодветни мерки откако Грција најави дека ќе протера двајца руски дипломати.

Претходно грчкиот весник „Катимерини” соопшти, дека владата на Грција донела одлука за протерување на двајца руски дипломати и забрана на влез во Грција на уште двајца. Како што тврди весникот, грчките власти ги обвинуваат дипломатите за мешање во внатрешните работи на државата и за активности против националната безбедност.

Според високи грчки дипломатски извори, Атина повикува на итно протерување на двајца руски дипломати, меѓу кои и Виктор Јаковлев од руската амбасада, и протерување на уште двајца.

Истите извори забележуваат дека тоа се случува по многубројните координирани напори за проширување на руското влијание во Грција, вклучително и преку активности на Императорското православно палестинско општество.

Изворите посочуваат дека Грција продолжува да бара добра соработка со Русија и ги охрабрува пријателските односи меѓу двете земји, но додава дека ова е можно само при почитување на суверенитетот на секоја земја.

Според изворите, за парична награда, руските дипломати са обидувале да го придобијат влијанието на митрополитите во грчката православна хиерархија, на Света Гора.

Дипломатски извори на весникот ги споменуваат и напорите на Русија да интервенира во чувствително прашање, како што е договорот меѓу Грција и Република Македонија за името, а со тоа негативно да влијаат на улогата на Грција на Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top