Прилепскиот Центар за јавно здравје испитува дали е загадена водата од јавната чешма во селото Стровија, општина Долнени, откако непознато лице деновиве истурило непозната црна течност.
Коко што информира портпаролот на СВР Битола Соња Стаматова, инцидентот се случил меѓу 7 и 9 јули.
– Непознат сторител делумно ја отстранил бетонската покривка од резервоарот за вода на јавната чешма во центарот на селото Стровја, истурил непозната црна течност и заминал. Оластени лица од Центарот за јавно здравје земаа примероци за утврдување на видот и степенот на евентуална загаденост на водата, рече Стаматова.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст