| четврток, 6 декември 2018 |

Клучниот сведок денеска ќе сведочи за нападот врз Николa Саздовски

Денеска во Основното јавно обвинителство-Скопје се очекува да даде исказ клучен сведок кој бил присутен во моментот кога бил нападнат младиот Никола Саздовски – Саздо кој вчера почина на Скопската клиника.

Од Обвинителство потенцираат дека по тој исказ, но и по резултатите што ќе ги добијат по обдукцијата, најверојатно ќе отворат истрага со поинаква правна квалификација на кривичното дело.

Дваесет и едногодишниот Саздовски, кој крвнички беше претепан на 29 јуни во скопската населба Автокоманда, по десетина дена поминати во кома на КАРИЛ, вчера рано наутро им подлегна на повредите.

Од Министерството за внатрешни работи вчера рекоа дека за случајот две лица се уапсени и им е одредена мерка притвор, додека по едно се трага.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top