Тетовска Шкендија и велшкиот тим ТНС денеска ќе си ги одмерат силите на арената Филип Втори во Скопје во првиот меч од квалификациите во Лигата на шампионите, што го прави градскиот парк и околината потенцијална опасна зона.
Не толку многу поради гостите од Велс и нивната навивачка група, туку поради опасноста да дојде до судири и инциденти меѓу навивачи на Шкупи од Скопје кои ќе ја бодрат Шкендија од Тетово и навивачите на скопски Вардар, Комитите, чиј член Никола Саздовски вчера почина откако пред 12 дена беше претепан и прободен со нож.
Во официјалната најава на мечот на ТНС (Новите светци), се потсетува дека и покрај тоа што Шкендија игра на 28 милји од дома, клубот може да има силна поддршка и се наведува дека лани во Лигата на Европа против Милан ја следеле 26,500 гледачи на Филип Втори Арената.
Според неофицијални информации од МВР, целиот поширок терен околу стадионот ќе биде под целосна контрола а ќе бидат надгледувани и главните рути по кои од Тетово, но и од Скопје и други градови ќе доаѓаат навивачи на шампионот Шкендија.
Се очекува МВР да распореди доволно сили кои што ќе спречат инциденти меѓу навивачите на било кој клуб.
Сепак никој не може да исклучи дека може да дојде до контакт и меѓу револтираните навивачи на клубовите кои од предходно имаат нерасчистени сметки.
Според засега неофицијалните информации, убијците на Саздовски се членови на навивачката група Шверцери на фудбалскиот клуб Шкупи од Скопје.
Ноќеска и навивачите на Тетекс – Војводите на полноќ излегоа на протест пред тетовската полиција со паролата „Утре и вашето дете може да биде Саздо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст