| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Пандов: Да го развиориме уште еднаш омилениот бајрак на Саздо “Боже, чувај ја Македонија”

Александар Пандов на својот фејсбук профил денеска повика достојно да се испрати Никола Саздовски, момчето кое беше врутално претепано во Автокоманда.

-Денес во 11:30ч јас ќе бидам пред западна трибина на повик од Комити:

„Комити, денес, за да го испратиме нашиот брат како што доликува, дојдете на собирот со автомобили, кој симболично е закажан пред нашата, западна трибина од 11.30 часот со поаѓање во 12.20. Погребот ќе се одржи на гробиштата во с.Ракотинци со почеток од 13.00 часот.
Да го развиориме уште еднаш омилениот бајрак на Саздо, “Боже чувај ја Македонија”!!!”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top