Можеби и поинтересно од навивањето на хрватската претседателка Колинда Грабар за српските, нои за хрватските медиуми беше за кого навивал српскиот претседател Александар Вучиќ. Во изјава за Новости, тој признава дека ја бодрел репрезентацијата на домаќинот, а не на соседот.
Тој вели дека не го инзненадува ако вечерва Србија навива за Англија наместо за Хрватска.
-Го гледав натпреварот, второто полувреме и продолженијата, навивав за Русија. Бидејќи некои ме критикуваа, тоа е мое право. Србија е демократска земја во која секој може да навива за кого сака, вели Вучиќ.
Тој вели дека пред натпреварот рекол дека Хрватска има подобар тим, но дека не гледа причина зошто би навивал за противниците на Русија.
-Не сум фасциниран со нешто. Не сум одушевен од песните на Томсон. И илјадапати да играат, ќе навивам за Русија. Па нека се нервираат оние кои сакаат да им се додворан на некои од Западот.
Натпреварот во Србија го пренесуваше државната телевизија РТС, а во земјата беа особено под лупа коментаторите. Вучиќ вели дека првиот пренос бил добар, а вториот навивачки и дека го исклучил тонот.
-Нека пренесуваат како сакаат, не ми е битен тонот, вели српскиот претседател, кој вечерва ќе навива за Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст