Мајкл Бубле и Луисана Лопилато поминаа низ кошмарен период додека нивното синче се бореше со рак на црниот дроб. И двајцата ги имаа ставено кариерите на пауза додека траеше здравствената криза. Сега, откако малиот Ноа извојува победа над болеста, 42-годишниот пејач проговори за мачното искуство.
-Бев во пеколот. Не зборувам за целата сторија, дури ниту со моите пријатели, затоа што боли премногу. Тој е суперхерој, не треба да го преживува истото повторно. Но, јас бев во пеколот. И знаете што, пеколот изгледа како навистина добро место за одмор во споредба со она каде што бевме ние.
-Навистина мислев дека никогаш нема да ѝ се вратам на музиката. Семејството е она што е важно. Здравјето на моите деца е на прво место. Односите со моето семејство, со мојата сопруга, мојата вера – сето тоа со леснотија кажувам дека е на прво место… Рак е, па очигледно треба да го следиме, но немаше да го правам ова ако тој не беше во ред – изјави Библе за австралискиот весник Herald Sun.
Лекувањето на Ноа заврши во март минатата година, а неколку месеци подоцна Луисана и Мајкл решија дека е време да продолжат со професионалните ангажмани. Канадскиот пејач се враќа на музичката сцена со нов албум. Тој признава дека ужасната болест му помогнала да го гледа животот од нова перспектива.
-Тоа што гледав на работите толку јасно ми даде можност повторно да ја пронајдам љубовта кон музиката. Ќе се вратам во свет на кој му треба љубов и романтика и смеа повеќе од кога било – додал тој.
По тешкиот период, за парот доаѓаат многу среќни моменти. Луисана наскоро ќе го роди третото дете. Тоа ќе биде прва ќерка за славната двојка.
famina.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст