| четврток, 6 декември 2018 |

Велешанец одбивал да се легитимира и нападнал полицаец, завршил во притвор

Вчера околу 4.40 часот во хотел во Велес, при преземање на мерки од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес, а по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир од страна на А.П. (43) од Велес, истиот одбивал да се легитимира и при обидот за приведување давал активен отпор и удрил полициски службеник.

А.П. бил приведен во полициска станица. Известен е Јавен обвинител и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top