Хрватскиот фудбалски репрезентативец Домагој Вида избегна суспензија од Светската фудбалска репрезентација (ФИФА) поради спорното видео по триумфот над Русија, но Огњен Вукојевиќ, членот на стручниот штаб на „коцкестите“ не се спаси.
Вукојевиќ и Вида заедно ја посветија победата во четвртфиналето на украинскиот народ, што од страна на Русите беше оценето како политичка провокација. Хрватската Фудбалска Федерација денеска објави дека Вукојевиќ го напушта стручниот штаб на два дена пред полуфиналниот дуел со Англија, воедно упатувајќи јавно изјавување кон руската јавност за однесувањето.
– Ја разбирам и почитувам одлуката на федерацијата. Јас не би сакал да бидам товар на репрезентацијата пред еден толку важен натпревар, кога е најпторебен мир. Во моите изјави немаше политичка конотација, само сакав да се заблагодарам за поддршката на пријателите од Украина, како и на мојот клуб Динамо Киев, кој ми дозволи да бидам дел од овој мундијал. Сепак, разбирам дека моите изјави можат да бидат и поинаку разбрани, затоа се извинувам ако некој ги доживеа на таков начин – изјави Вукојевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст