Грците се редовни посетители и муштерии во Јужна Македонија. Ниската цена на производите и услугите е она што ги привлекува. Проблемот со името и не им пречи многу кога станува збор за поевтини услуги и стоки. Велат дека разликата во цените е голема и затоа се одлучуваат за да дојдат во Македонија.
Најчесто во Дојран и Гевгелија доаѓаат на стоматолог за поправка на заби, за купување на облека, намирници, бензин, но и за посета на фризерско – козметичките салони во овој регион.
Наплив на луѓе од соседна Грција претежно има во четврток кога е пазарен ден, но и преку цела недела за купување на она што им е неопходно.
– Секој ден во ординација имаме по десетина Грци. Откако почна оваа „криза“ околу името во последно време забележувам помала посетеност, но сепак ги има. Да се поправат забите овде е многу поевтино за разлика од кај нив. Ние во градот имаме 4 стоматолошки ординации, што е многу за граѓаните кои живеат овде, но имаме пациенти од Грција. Таму каде има казина, има и Грци и доаѓаат токму во тие градови, велат од стоматолошка ординација во Дојран.
Слично е и во соседната Гевгелија. Гевгеличани раскажуваат дека без приливот на пари од грчките муштерии градот ќе замре, а локалната економија ќе биде во колапс. Додаваат дека Грците најчесто кај нив купуваат овошје, зеленчук, ручаат во некој од рестораните и си одат.
(извор – Фактор)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст