| четврток, 6 декември 2018 |

Не е на апарати: Состојбата на претепаното бебе е релативно стабилна

Здравствената состојба на 14 – месечното новороденче кое со повреди по телото пред два дена неговата мајка го донела во Ургентен центар, е релативно стабилна, информираат за МИА од Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ.

Од Клиниката посочуваат дека бебето самостојно дише не е на апарати, но се уште е во животна опасност. Тоа има и скршеници на потколениците. Во меѓувреме продолжува полициската истрага за да се утврди кој го претепал бебето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top