| четврток, 6 декември 2018 |

Формирано Македонско здружение за кардијална, торакална, васкуларна и ендоваскуларна хирургија

Македонско здружение за кардијална, торакална, васкуларна и ендоваскуларна хирургија е формирано во рамки на Македонското лекарско друштво.

Од Здружението информираат дека во него членуваат субспецијалисти од клиниките за државна кардиохирургија, за торакална и васкуларна хирургија, за кардиологија, од Универзитетската хируршка клиника „Св.Наум Охридски“ и други.

За претседател на Здружението е избран проф.др.Сашко Јовев, а за потпретседател проф.др.Андреј Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top