| четврток, 6 декември 2018 |

Тим научници открија: Што ги прави мажите среќни во бракот?

Тим на научници откри дека за мажите естетскиот момент е многу важен и дека остануваат што подолго во брачните води ако покрај себе имаат убава партнерка, бидејќи се среќни.

Убавината на партнерката, за повеќето мажи е пресудна за успешен брак – покажало истражувањето. Студијата траела четири години и е спроведена на 450 парови, кои пред почетокот на истражувањето имале задача да го оценат партнерот, за неговата убавина. Резултатите покажале дека мажите и пред и по истражувањето не го промениле мислењето и оцената за убавината на својата партнерка. За разлика од мажите за жените убавината е на второ место. На прво место им е интелигенцијата и комуникативноста на партнерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top