Ако нашиот претседател Ѓорге Иванов повторно не го потпише Договорот за името со Грција, тогаш ќе има референдум, кој ќе се одржи на крајот на септември, односно на почетокот на октомври.
Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање на бугарската агенција БГНЕС на маргините на Самитот на Кина со земјите од Централа и Источна Европа во Софија.
Според Заев, политичарите ќе треба да го испочитуваат гласот на народот.
Во изјавата Заев изразил надеж дека претседателот Иванов ќе го потпише договорот.
– Тој што треба да гласа ќе гласа, а тој што треба да потпише ќе потпише, затоа им служиме на граѓаните – потенцираше Заев.
Иванов, како што рече Заев, не може да го блокира процесот.
– Ако не го потпише сега ќе треба да го направи тоа по референдумот, додаде тој.
На прашање дали ќе има импичмент на претседателот, ако тој не го потпише Договор, Заев одговори дека сите опции се можни и повторно нагласи дека единствениот пат за Македонија е полноправно членство во НАТО, а истото го мислат и мнозинството Македонци.
– Политичарите на највискоите позиции имаат најголема одговорност и треба да покажат дека се за иднина на оваа држава и на наредните генерации – смета премиерот Заев, кој од Софија уште еднаш го повика претседателот Иванов да го потпише законот за ратификација на меѓународниот договор со Грција и да не го блокира процесот, бидејќи единствениот пат за Македонија е полноправно членство во НАТО.
Минатата недела македонскиот Парламент со 69 гласови „за”, еден „воздржан” од пратеникот Ферид Мухиќ и ниту еден „против”, по вторпат го изгласа договорот за името со Грција.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на ратификацијата. Генералниот секретар Игор Јанушев рече дека власта сама си го носи договорот со Грција, кој го нарече капитулантски и дека со него се брише зборот Македонија и е штетен за националните интереси на државата.
Од Коалицијата за заедничка Македонија го советуваа претседателот Ѓорѓе Иванов и овој пат да не го потпише Указот и предупредија да не биде ставен во употреба без потпис на претседателот, бидејќи тоа е кривично дело кое на застарува.
На 20 јуни, Собранието со 69 гласа “за” го ратификуваше договорот со Грција во второ читање, а Иванов на 26 јуни го извести Собранието дека донел одлука да не го потпише указот за прогласување на законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји