| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец загина во сообраќајка во Албанија

Шеесетгодишен мотоциклист од Гостивар го загуби животот во соообраќајна несреќа во Албанија.

Несреќата се случила на патниот правец Прењас – Либражд кај местото викано Мостот на Буштрица, во близина на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница.

– Македонскиот државјанин Зирди Хасани (60) од Гостивар кој патувал со мотоцикл излетал од патот, при што се здобил со тешки повреди. Случајни минувачи веднаш го транспортирале до болницата во Либражд но, за жал, лекарите само контатирале смрт. Истрагата треба да ги потврди причините за несреќата, се наведува во соопштението на  полицијата.

Според првичните сознанија, сега починатиот Хасани возел со голема брзина, а поради влажниот коловоз од обилните дождови, тој се зализгал и удрил во заштитните браници на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top