Денес е и посебен ден за Струмица и ВМРО-ДПМНЕ. На 8 ми јули 1990 година со почеток во 13 часот започнало Основачкото собрание на пагтриотите, на луѓето кои имаа визија да состават дел од организицијата која се бореше за македонска полиција, за македоска влада, за МАНУ, за македонска фудбалска репрезентација. Бидете горди на тие луѓе.
Ете не, пак, се движевме покрај паметниците, на нашиот Борис, покрај Мучето и Сандански под раширените рацете на апостолот Гоце до пред Собранието.
Сите нека видат дека Македонија има чеда достојни на предците и посветени на потомците.
И да кажеме силно, пред цел свет: Македонија ќе победи!
А силата сте вие. Секој еден од вас. И нема предавање ниту откажување. Затоа што тоа не е во нашиот код.
Најлесно било да се покорат и петте струмички студенти, но со нивниот пркос и саможртва тие се запишале во вечноста и затоа се стиховите:
„Беласицо, крикни и заплачи, за петте твои синови. Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов. Нивната крв младешка ги натопи твоите дрвја столетни. Македонија на својот пат кон вечноста мора секогаш да ги спомнува петте струмички студенти во илјада деветсто педесет и првата стрелани…“
И ќе ви кажам после дождот доаѓа сонце.
Во оваа земја, газда на своето е овој народ. Македонците како и сите други граѓани се суштината, најважниот елемент од битисувањето на нашата земја, и никој не е над нив. Ниту еден политичар, ниту една друга сила.
Нашата победа ќе биде победа над сите порази донесени од оваа влада, нашата победа ќе биде победа над мачното секојдневие, над безизлезот, над украдената иднина и хаосот во кој се наоѓа нашата земја. Нашата победа ќе биде ваша победа за Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст