| четврток, 6 декември 2018 |

Еве на која температура клима уредот троши најмалку струја!

Претераното трошење електрична енергија не само што ќе ве чини повеќе, туку и предизвикува зголемено трошење на јаглен и на други фосилни горива што придонесува за глобалните климатски промени.

Претераното трошење електрична енергија не само што ќе ве чини повеќе, туку и предизвикува зголемено трошење на јаглен и на други фосилни горива што придонесува за глобалните климатски промени. Поради тоа, важно е да знаете на кој начин е најдобро да го користите клима уредот за максимално да заштедите на потрошувачката на електрична енергија.

Можeби ви се чини дека непотребно трошите електрична енергија кога го вклучувате и го исклучувате клима уредот, но на тој начин заправо ќе заштедите поголема сума пари, а клима уредот на тој начин и подобро ќе работи. Системот за разладување на просторот е најефективен кога работи со полна брзина, отколку кога работи во пократки периоди со помала брзина за да се оддржи константна температура во текот на целиот ден.

Освен тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, подобро ќе ја извади влагата од вашиот дом. Исто така, ќе заштедите на струја и ако клима уредот го наместите на повисока температура (разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната температура не би смеела да биде поголема од 7 до 10 степени).

Според некои податоци, клима уредот троши од 3 до 5 отсто помалку енергија на секој степен повисоко на термостатот. За максимална заштеда на енергија, клима уредот треба да го оставите да работи на 26 или на повеќе степени Целзиусови додека не сте дома.

Високите летни температури се повеќе се зголемуваат од ден на ден. Доколку немате клима уред или ви пречи, сигурни ви е потребна алтернатива за разладување.

Обидете се со стариот добар вентилатор, но на малку поинаков начин. Пред да го вклучите, под него поставете голема чинија со што повеќе коцки лед или две-три флаши замрзната вода. Вклучете го и ќе го почувствувате ефектот на разладување, бидејќи поради ледот воздухот кој струи ќе биде многу поладен. Бидејќи вентилаторот се преместува лесно, од време на време преместувајте го од една точка на друга, за да се разлади просторот рамномерно.

Спас од топлината ќе ви пружат и собните билки, бидејќи тие внесуваат кислород во куќата и го прават воздухот свеж. Не заборавајте станот да го проветрувате само во текот на ноќта и рано наутро, а сите електрични апарати да ги исклучите кога не ги користите, бидејќи тие дополнително грејат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top