На бензинска пумпа во Струмица и Кавадарци бостанот се дели без пари само за да се фрли во реката.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски нема слух за проблемите на земјоделците кои веќе подолго време се жалат на ниската откупна цена. Цената падна под 3 денари, а тие велат дека откупната цена не ги покрива ниту основните трошоци.
Земјоделците во изминатиот период неколку пати протестираа и го фрлаа бостанот на улици за да извршат притисок до министерот за да им помогне, но засега ниту тој, ниту ресорното Министерство немаат слух за нивните проблеми.
Тие вчера го блокираа регионалните пат за Струмица кај клучката во близина на Смоларе. Земјоделците се жалат и на игнорантскиот однос на Владата и Министерството за земјоделство, кое не им помага во решавањето на проблемот со откупот.
-Претставуваат лажна слика, додека ние ќе го фрлиме бостанот бидејќи не се исплати да го даваме без пари. Имаме министер кој не знае ниту З од земјоделие, вели 45 годишниот Трајко Митрески производител на бостан од струмичко.
-Мораме да блокираме, маката не тера, мора да се сврти вниманието за нашиот проблем бидејќи владата не` игнорира, вели Трајко Терзиевски од Струмица.
Министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски засега се на ставот дека нема посериозни проблеми со откупот на бостан и дека ја следат ситуацијата на дневна основа.
Бостанот редовно се откупува. Колку што е побарувачката, толку и се пласира, рече денеска Трајан Димовски, шеф на Кабинет на министерот за земјдоелство.
Според Димковски, состојбата на терен се следи и засега нема потреба од интервентни мерки.
– Земјоделците секогаш бараат денар повеќе и тоа е нормално. Но, ние не носиме одлуки врз основа на барање на еден или двајца производители, туку врз основа на конкретни анализи, потенцира Димковски одговарајќи на новинарски прашања пред настанот по повод Меѓународниот ден на задругите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст