Претседателот на ФИФА Џани Инфантино ги покани децата заробени во пештера на Тајланд на финалето на СП на 15 јули во Москва.
Претседателот на ФИФА упати писмо до претседателот на Тајландскиот фудбалски сојуз, во кое ја искажал својата поддршка и ги поканил децата и тренерот на пренството ако дозволат околностите. Инфантино рекол дека со „загриженост ги следи вестите“ откако групата исчезнала и дека со олеснување ја примил веста дека децата се прнајдени во планината Чанг Раи.
„Се надеваме дека на некој начин нашите зборови на поддршка можеби ќе им помогнат и ќе им дадат мир и храброст во овие неизвесни моменти“, напишал Инфантино во писмото што во целост го пренесува шпанскиот спртски дневен весник „Марка“.
„Ако во наредните денови се вратат дома, а ние се надеваме дека ќе се вратат, и ако здравствената состојба им биде добра за да патуваат, со задоволство ги каниме да бидат наши гости на финалето на СП во Москва“, стои во писмото.
Дванаесет момчиња на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер се заробени во пештера на Талјанд од 23 јуни. Локалните служби настојуваат да ги спасат, но поплавите предизвикани од монсунските дождови ја отежнуваат ситуацијата. Децата се непливачи. АБЦ њуз објави дека децата се распрашувале за текот на Светското првенство. Можно е да мораат да останат во пештерата уште неколку месеци додека не запре монсунскиот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст