
Нема кој не сака да има убава и платена работа и редовна плата, но не се вели залудно дека животот на некого е мајка, а на некого е маќеа.
Славица од Скопје, завршила образование за да биде наставничка, но освен тоа што неколку пати досега работела на замена во училиште, никогаш немала стабилна работа во својата струка. Животот за да и биде потежок, кога се родила нејзината ќерка Ивана и кога наполнила пет години, нејзиниот сопруг починал. Оттогаш започнала маката за оваа жена.
Денеска ќерката Ивана има 20 години, односно 15 години откако починал сопругот и таткото. Цели 15 години, биле тешки, мачни, но Славица никогаш не се предала. Работела се што ќе стигне. Во ресторани, како келнерка и како готвач, и во текстилни и чевларски фирми, и како продавачка. Никогаш не дозволила нешто да и фали на својата ќерка. И како што вели, “можеби немавме за луксуз, но имавме за храна и да ги платиме сметките”…
Денеска Славица, работи како чистачка. Вели дека веќе шест години се занимава со таа професија.
– Животот некогаш е мајка, а некогаш маќеа. Среќа па постојат богати луѓе, кои имаат пари, ама не им се работат домашните обврски. Затоа тука сум јас. Не се срамам да бидам чистачка и да држам крпа и џогер во раце. Јас искрено и вредно си работам. Има работа, некогаш не можам се да постигнам во една недела. Некаде само чистам, некаде и готвам и ги чувам децата. Не ми е мачно воопшто. Знам дека мора да се работи. Не ми пречи тоа што дома на ѕид ми е закачена факултетската диплома, раскажува Славица.
(извор – Скопјеинфо)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


