| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во нотарска канцеларија во Скопје: Ќерка се скарала со таткото бидејќи не сакал да потпише, летале навреди и клетви

Жестока расправија помеѓу татко и ќерка околу продажба на плац избила вчера претпладне во нотарска канцеларија во Скопје каде требало да биде потпишан договорот за продажбата на земјиште.

Во канцеларијата на нотарот околу 11 часот, пристигнале таткото, ќерката и купувачот, со кого ќерката претходно ја договорила продажбата. Но, кога договорот бил подготвен, настанала расправија бидејќи таткото не сакал да го потпише документот. Купопродажниот договор без неговиот потпис немало да биде законски валиден, па пред купувачот и вработените кај нотарот, тие почнале да се расправаат.

Ќерката го молела татко си да го потпише документот, но тој одбивал. Расправијата кулминира, а таткото и ќерката помеѓу себе почнале да се навредуваат и кажуваат клетви, па вработените биле приморани да повикаат обезбедување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top