| четврток, 6 декември 2018 |

Пет илјади евра надоместок за Назим Буши, претседател на одборот на директори во Македонски Телеком


Македонски Телеком за 2,5 пати го зголеми месечниот надоместок што ќе го добива претседателот на одборот на директори, Назим Буши. Со новата одлука, Буши ќе добива пет илајди евра нето надоместок, наместо досегашните две илјади евра – објави 24.мк.

Одлуката е донесена на собрание на друштвото на крајот на минатиот месец и се правда со зголемено портфолио на активности. Надоместоците за останатите членови остануваат исти, односно 1.500 евра за заменик претседателот на одборот на директори и 1.000 евра за останатите. Иако, лани кога имаше техничка влада, постоеше обид и овие надоместоци да се зголемат, сепак под притисок на јавноста, тоа не се случи.

Владата во македонски телеком поседува 38,88% а во комапнијата се случија и директорски смени. Од први јули годинава главен извршен директор е Никола Љушев, кој доаѓа од црногорски Телеком, а претходно беше главен извршен директор на ВИП оператор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top