Прекумерното потење, кое уште се нарекува и хиперхидроза, е лачење на поголеми количини пот, отколку што му е потребно на телото. Најчесто потта се појавува на дланките на рацете, на стапалата и под пазувите.
Употребата на ботокс не служи само за зголемување на усните и пополнување на лицето, па ова лето стана хит кај македонските граѓани ставањето на ботокс под пазувите.
– Имам проблем со потењето, честопати ми е непријатно, не можев да најдам никакво решени случајно дознав дека во една скопска ординација прават ботокс на пазувите. По неколку недели ботоксот се покажа како успешен, се намали потењето и мирисот, рскажува Елена од Влае.
Во приватни дерматолошко-естетски и козметички ординации во Скопје за оваа постапка треба да платите и до 500 евра.
– Јас ја имам направено оваа постапка два пати до сега. Првиот пат малку болеше, но резултатот беше одличен. Ефектот трае околу осум месеци. Откако помина, решив да направам уште еден третман, вели Јасмина од Аеродром.
– Инекцијата се вметнува под кожа во плитка длабочина, пациентот при оваа постапка може да почуствува пецкање во пазувите. Ова е нормална реакција, ефектот поминува брзо. Време на постапката трае околу еден час. Веднаш по завршувањето на постапката, ако е потребно, по препорака на лекарот може да користите лекови за болка или местото да го оладите со облоги или мраз, велат од една приватна дерматолошко-козметичка установа.
(извор – Скопјеинфо)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст